Утрински Весник
Свет

ОН: Повеќе од три милијарди луѓе во светот немаат услови за миење раце

ОН: Повеќе од три милијарди луѓе во светот немаат услови за миење раце

Обединетите нации повикаа на поголеми инвестиции во водните ресурси, во својот Светски извештај за развој на водите во 2021 година.

Признавањето, мерењето и изразувањето на вредноста на водата и нејзиното вклучување во процесот на донесување одлуки се основни за одржливо и правично управување со водите, како и за постигнување на целите на ООН за одржлив развој, се вели во извештајот.

„Премногу често, вредноста на водата или целиот сет на нејзините вредности воопшто не е нагласена во процесот на донесување одлуки“, се вели во извештајот подготвен од УНЕСКО.

Вредноста на водата за општеството се потпира на инфраструктурата изградена за нејзино складирање и дистрибуција, се вели во извештајот, кој повикува на поголеми инвестиции во управувањето со водите.

Отпадните води се дополнителен предизвик, предупредуваат од ООН. Во исто време, пандемијата на коронавирус најмногу ги погоди луѓето што живеат во сиромашните квартови, предупредуваат авторите.

На глобално ниво, повеќе од три милијарди луѓе и две петтини од здравствените установи немаат соодветни установи за миење раце, што е клучно за спречување на ширење на болести како што е Ковид-19.

Извештајот посочува дека водата е основна човечка потреба, неопходна за пиење, санитарни и хигиенски потреби, одржување на здравјето и животот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта 

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија