Утрински Весник
Свет

ОН: Најмалку 108 цивили убиени во јануари во Етиопија

ОН: Најмалку 108 цивили убиени во јануари во Етиопија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХХР) денеска предупреди на „бројни, многу вознемирувачки извештаи“ за воздушни напади во регионот Тигар во Етиопија, наведувајќи дека најмалку 108 цивили се убиени во областа од почетокот на јануари.

„Најмалку 108 цивили се убиени, а 75 се ранети од почетокот на јануари, според извештаите, како резултат на воздушни напади наводно извршени од етиопските воздухопловни сили“, изјави за новинарите Лиз Тросел, портпаролка на ОХХР.

Станува збор за напад на приватен минибус, аеродром и камп за раселени лица, рече Тросел, нагласувајќи дека во нападот на бегалскиот камп загинале најмалку 59 лица и дека тоа е најкрвавиот напад оваа година, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност