КСП Центар-Јадро организира онлајн дискусија со Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан) за техничките елементи и аспекти на рецитирањето и пишувањето во рапот.
Преку заедничка анализа на дел од песните на Тонио Сан и неговата методологија во однос на пишувањето ќе се разгледаат различните елементи во пишувањето: тема, punchline, интуитивност, интензитет на глас, емоција, flow, живописно раскажување и др. Целта на оваа дискусија е да се аналираат деталите на пишувањето на рап песни и колку таа техника придонесува кон градење на автентичен идентитет на рап артистот.
Антонио Аренѓеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНС e македонски рапер, стрип уметник и универзитетски професор. Oд 2015 година работи во ФОН Универзитетот на Факултет за Дизајн и Мултимедија. Во мај 2019 ја издаде својата прва Графичка новела насловена „Некои мали нешта“.
Има издадено три соло албуми: Цветот на светот (2004); Друштвото на мртвите поети (2010); Синтеза на ум и меч (2012).
Во соработка со други артисти бил дел од повеќе албуми : Чаирскиот алмум со Кемп ОД (2013); Green out-Некои скопски бандити (2009); Green out – Рапаноја (2014); Легијата – Лош ден за Империјата (2008); Легијата на Проколнатите (2016).
И неколку компилации како: Sk street beats (2002); Прирачник за Модерен Рап (2009); Деценија (2010).
Модератор на настанот ќе биде Ѓорги Пулевски (Џоџо).
Дискусијата ќе се одржи денес со почеток од 17:00 часот на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро