Утрински Весник
Култура

Онлајн дискусија: Видео и експериментална уметност со Вероника Камчевска

Онлајн дискусија: Видео и експериментална уметност со Вероника Камчевска

КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн-програма со дискусија за видео уметноста, експерименталениот документарен филм и специфичниoт визуелен јазик што овие медиуми го продуцираат.

Дискусијата ќе се одржи на 14 септември 2020 (понеделник) со почеток од 19 часот на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро со дискутантката Вероника Камчевска. По дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.

Жанрот познат како видео-уметност, е нов вид на современа уметност кој се изразува со разни комбинации на подвижни слики и музика кои го редефинираат нашето чувство за време и простор. Овој жанр стана популарен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век со широко распространетата достапност на ефтини видео-ленти и леснотијата на нејзиното прикажување преку мониторите на комерцијалните телевизии.

Видео-уметноста стана главен медиум за уметниците кои сакаа да го искористат скоро универзалното присуство на телевизија во современото западно општество. Методот на видео уметноста стана привлечен и популарен на цел спектар на уметници – експериментални филмаџии, фотографи, перформативни артисти итн.

Вероника Камчевска е видео автор и истражувач на мултимедијални форми и нивни влијанија врз создадени реалитети како последица на симулирани вредности на време и простор. Досега има работено на уметнички и инсталациски видео композиции, како и на експериментален документарен филм. Нејзинaта интервенција врз подвижните слики го симболизира фиктивниот простор и промената настаната по пат на субјективно авторско делување, кое во себе ја содржи одговорноста за значењето на примарната слика и генезата како фиксна и непроменлива. Со користење на дигитални алатки, Камчевска создава трансформации на виртуелно осмислени видео концепти и модели. Има учествувано на повеќе домашни и меѓународни филмски фестивали.

Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура / Ministria e Kulturës

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“