Утрински Весник
Политички Партии

ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Скриен позади неговите партиски портпароли, во прескапата Бела Палата, Мицкоски повторно пробува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со претседателот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски, велат од партијата и обвинија дека Мицкоски продолжува со лицемерно однесување.

„Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија, споредбено во периодот од 2013 до 2015, каде имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции. Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во бруто-домашниот производ во 2018 е 5,8%, за разлика од 2012 година, каде е 1,5%“, велат од ОМ.

Ако толку го интересира господинот Мицкоски кои фирми се донесени во периодот додека претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е советник, додаваат од партијата, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие позади партиски портпароли и да се служи со ниски препукувања.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт