Скопје, 23 мај 2020
Почитувани Македонски Власи,
Ми претставува особено задоволство, од името на Обединети за Македонија, да упатам честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.
Македонските Власи, несебично низ историјата дадоа многу личности кои придонесоа за подобро македонско општество.
Ви благодариме што и вие заедно со нас, обединети, како и другите етноси во Македонија, придонесувате за нејзино развивање.
Нека заедништвото ни биде чекор напред кон подобра и просперитетна држава.
Честит Национален ден на Власите!
Љубе Бошкоски
Претседател на Обединети за Македонија
_________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.