Утрински Весник
Свет

Омикрон се шири во Австралија – рекорден број на новозаразени

Омикрон се шири во Австралија – рекорден број на новозаразени

Австралија постави дневен рекорд по бројот на заразени Ковид-19 со 72.392 случаи, кои беа предизвикани од високо преносливиот сој омикрон.

Епидемиолошката ситуација во Австралија повторно доведе до полни болници, додека рестриктивните мерки против Ковид-19 предизвикаа недостиг на работна сила, оптоварувајќи ги бизнисите и синџирите на снабдување.

Австралијците сега се соочуваат со многу повисоки стапки на инфекција од оние забележани во азиско-пацифичкиот регион, а одредени епидемиолози во земјата ги предвидуваат најлошите сценарија.

Владата на премиерот Скот Морисон се соочува со недостиг на антигенски тестови и незадоволство на луѓето поради неколкучасовното чекање во центрите за тестирање.

Австралиските власти ја ублажија мерката и го скратија периодот на задолжителна изолација за асимптоматските случаи поради загриженоста дека клучните служби би можеле да престанат со работа.

Можете да прочитате

Денес ново гласање за доверба на француската Влада

Шокантни наводи од САД: Замрзнувани човечки мозоци од Македонија за американски лаборатории

Трамп: Можам да ги натерам земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа