Утрински Весник
Македонија

Омбудсман: Училиштата веднаш да им ги вратат парите на родителите за свидетелствата

Омбудсман: Училиштата веднаш да им ги вратат парите на родителите за свидетелствата
300x250 (7)

Народниот правобранител и годинава констатира дека продолжува праксата дел од училиштата неосновано и надвор од закон да им наплаѓаат на учениците/родителите/старателите за издавање на свидетелства за завршено образование.

„ Ова потврдува дека некои училишта не ги земаат предвид сериозно реакциите на Народниот правобранител, кој и минатата година јавно укажа дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот, и за издавање на истото училиштата не смеат да ги условуваат учениците, односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства.

Img 5587

Народниот правобранител повикувајќи се на уставно загарантираното право на образование кое согласно законската регулатива е задолжително и бесплатно, укажува надлежните органи – Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат веднаш да ги предупредат училиштата дека не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ, и да ги санкционираат сите субјекти кои ќе го сторат тоа, односно ќе го прекршат законот“ соопшти Народниот правобранител.

Според него, недозволиво е училиштата да го користат моментот кога децата/учениците и родителите/старателите имаат краток временски рок за обезбедување на потребните документи за упис и да ги примораат да платат за добивање на документ кој според сите прописи е бесплатен.

Народниот правобранител, укажува Државниот просветен инспекторат да им наложи на училиштата веднаш да ги вратат незаконски наплатените средства за издавање на свидетелство и ги охрабрува сите на кои нема да им бидат вратени средствата да се обратат на бесплатната телефонска линија за деца кај Народниот правобранител 0800 88 500, за заштита на своите права.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ