Утрински Весник
Свет

„Оксфорд“: Вакцините штитат од бразилскиот вид, најголем проблем е јужноафриканскиот

„Оксфорд“: Вакцините штитат од бразилскиот вид, најголем проблем е јужноафриканскиот

Според новата студија на британскиот универзитет Оксфорд, постојните вакцини штитат од бразилскиот вид на коронавирус, а мутацијата што првпат беше откриена во Јужна Африка е моментално најголем проблем за производителите на вакцини, пренесува „Ројтерс“.

Истражувачите користеле примероци на крв од луѓе со антитела генерирани и од инфекција со Ковид-19 и од вакцините на „Оксфорд/Астразенека“ и „Фајзер/Бионтек“, кои се користат во Британија.

„Ројтерс“ известува дека податоците од студијата покажале скоро тројно намалување на нивото на вирусна неутрализација од страна на антитела генерирани од вакцините за варијантата П.1 Бразил, слично на намалувањето забележано кај видот за прв пат идентификуван во Кент, Велика Британија.

„Овие податоци сугерираат дека антителата и вакцините што се појавуваат во природата сепак можат да ги неутрализираат овие варијанти, но на пониски нивоа. Важно е дека бразилскиот вид може да биде помалку отпорен на овие антитела отколку што за првпат се стравуваше“, порачуваат од Универзитетот Оксфорд.

Ројтерс известува дека мутацијата, која за прв пат била идентификувана во Јужна Африка, покажува значително поголемо намалување на неутрализацијата на вирусот, што е деветкратно со вакцината на Оксфорд/ Астразенека и 7,6 пати помалку со вакцината на „Фејзер/ Бионтек“.

Британските автори на студијата рекоа дека развојот на вакцини против јужноафриканскиот вид, познат како Б.1.351, треба да биде најголем приоритет за научниците кои се занимаваат со развој на вакцини во светот, наведува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење