Утрински Весник
Култура

Од 30 јуни до 2 јули „Панфиз“ на отворено

Од 30 јуни до 2 јули „Панфиз“ на отворено

Од 30 јуни до 2 јули ќе се одржи 14. издание на меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“.

Со оглед на актуелната ситуација со корона-кризата и оваа година фестивалот, по втор пат, ќе се одржи на отворено, пред МНТ-платото.

Местата ќе бидат ограничени на 30, во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Во случај на невреме претставите ќе се играат на малата сцена на МНТ.

Билетите ќе бидат поделени пред претставата по принципот прв дојден прв услужен.

Од МНТ информираат дека оваа година има ексклузивна македонска фестивалска премиера во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима.

„Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на „Панфиз“, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра.

Од Бугарија доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а публиката ќе има можност да види и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“.

Текстот Од 30 јуни до 2 јули „Панфиз“ на отворено е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“