Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Од јануари ќе се вклучи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола

Од јануари ќе се вклучи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола
Img 7972

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и Управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино денеска извршија увид во работењето на термоелектричната централа.

Термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември, и работи со половина капацитет, односно со еден котел, со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола.

Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции.

Генералниот директор на АД ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, изјави дека термоелектраната континурано работи веќе 10 дена и не очекува проблеми во следниот период, како и дека во план е целосно да се реализира договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ во однос на производството на електрична енергија од овој капацитет.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди