Утрински Весник
Македонија

Од хоспитализираните со коронавирус, 79 отсто се невакцинирани

Од хоспитализираните со коронавирус, 79 отсто се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 30 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298 граѓани, односно 77% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во истиот период, на територија на државата починале 1.162 лица со Ковид-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено