Утрински Весник
Македонија

Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол

Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Од утре, 1 јуни, почнува уписот и тестирањето на првачињата во сите основни училишта во Општина Аеродром по строго утврдени правила како мерки за заштита од корона вирусот.

Пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-инфотмативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

На сите родители и деца кои имаат закажан термин за упис, во интервали од 20 минути на влезот ќе им се мери температурата со дигитален топломер. Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.

Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку два метра оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите. По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти и со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.

-Апелираме да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука, наведува Општина Аеродром. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски