Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти
Img 7972

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната 100-та седница со единствена точка на дневен ред на која беше разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

Соодветно на информацијата, Владата го задолжила Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти.

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во „Службен весник“, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања“, соопштија од Владата.

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес