Утрински Весник
Македонија

Од утре започнува исплатата на јунските пензии

Од утре започнува исплатата на јунските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре, 29 јуни, започнува етапната исплата на јунските пензии. Од МТСП наведуваат дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!