Утрински Весник
Македонија

Од утре блокади низ целата држава поради францускиот предлог

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“ најави дека од утре започнуваат блокади низ целата држава поради францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

„Утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат во 13 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава“, посочи Боцевски.

Боцевски упати апел до пратениците дека Уставот е последната црвена линија.

„Од овде сакам едно да им порачаме дека нашата последна црвена линија е Уставот и затоа ќе ве замолам сите заедно од овде да му порачаме на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев лидерот на Левица, Љупчо Димовски лидерот на СПМ, Иван Стоилковиќ лидерот на ДПС и јасно да им кажеме вие и вашите пратеници се последниот бедем на македонскиот народ и македонската државност“, кажа Боцевски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Уживајте уште некој ден во сонцето и во топлото време – набрзо почнуваат врнежите

Земјотрес со јачина од 5.0 степени регистриран во Грција, почувствуван и во Македонија