Утрински Весник
Македонија

Од среда дожд, а на планините снег

Студено, слаб локален снег и северен ветер

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. В среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР, в среда утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. В недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени. мд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит