Утрински Весник
Свет

Од среда во Хрватска се патува само со пропусница

Од среда во Хрватска се патува само со пропусница
Dik 300x250 mk

Од утре во Хрватска е на сила забраната за патување во други жупании од местото на живеење или престој, а оние што сакаат да патуваат мора да имаат пропусница.

Спроведувањето на забраната за патување ќе го контролираат 800 полицајци, кои ќе влегуваат во автобусите и ќе проверуваат дали патниците имаат валидни пропусници.

Дамир Трут, помошник министер за внатрешни работи на Хрватска, вели дека до 10:00 часот денес биле примени 54.000 барања за поминување, од кои 60% биле обработени, а 60% од нив биле одобрени.

„Повеќето барања се однесуваат на одење и од работа, околу 80 проценти, вели тој. Дел од барањето се однесува на одење на лекар, на операција … во друг округ. Дел се однесува на други барања”, рече Трут.

За луѓето кои уплатиле сместување во хотел, вели Трут, пропусниците ги одобрува Дирекцијата за цивилна заштита.

„Добивме околу 4.000 такви барања, од специјални категории, не само за сместување во хотел … Овие барања ги разгледуваме рестриктивно, тие мора да бидат добро документирани“, рече Трут.

Тој вели дека околу 500 луѓе работат на обработка на барањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп