Утрински Весник
Свет

Двајца соработници на папата заразени со коронавирус

Двајца соработници на папата заразени со коронавирус

Двајца кардинали во Ватикан, вклучително и оној кој поголемиот дел од времето го поминува помагајќи им на бездомниците во Рим, се позитивни на коронавирус, изјави извор од седиштето на Католичката црква.

Кардиналот Конрад Крајевски (57), Полјак кој ги предводи хуманитарните акции на папата Франциско, е хоспитализиран поради пневмонија.

Кардиналот Џузепе Бертело (78), гувернер на Ватикан, е во самоизолација во неговиот дом во Ватикан по позитивниот тест, изјави изворот.

Засега е непознато дали двајцата вчера присуствувале на настан со членови на централната администрација на Ватикан, каде што биле разменети божикни честитки со папата.

Сè уште нема официјална потврда за позитивните тестови на кардиналите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена