Утрински Весник
Македонија

Од понеделник почнуваат градежни работи во месноста „Цуцка“ на излезот од Велес кон Градско

Од понеделник почнуваат градежни работи во месноста „Цуцка“ на излезот од Велес кон Градско

Велес, 21 февруари 2020 (МИА) – Од понеделник битолската фирма „Стентон Градба“ ќе почне со градежни работи кај свлечиштето од ридот Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат од Велес кон Градско.

Блаже Петров од „Стентон Градба“ за МИА информира дека веќе е направен договор во врска со исклучување на струјата додека се изведуваат градежните работи заради безбедност на работниците  и за ситни градежни пропусти на проектантот како што е изградба на канал помеѓу потпорниот ѕид и пругата.

Од Општина Велес попладнево сопштија дека започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка” на регионалниот  пат од Велес –Градско  во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

Локалната власт овој вреден проект го доби со финансиска подршка на Владата од 62,441 милиони денари а преку ЈПДП.

Од Општина Велес информираат дека за време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли)

Инаку, големи одрони на карпи  од  свлечиштето кај Цуцка на патот Велес – Градско и пругата Велес – Гевгелија се случија  пред скоро две години на 13 март 2018 година. ад/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава