Утрински Весник
Македонија

Од понеделник делумно ќе се ограничи пристапот на граѓаните до општинските служби во Крива Паланка

Општина Крива Паланка објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Крива Паланка, 13 март 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка преку соопштение ги извести граѓаните дека од 16 до 20 март 2020 година ќе биде ограничен пристапот на граѓаните во службените простории на општината.

– Апелираме до граѓаните на Општина Крива Паланка да ги сведат на минимум сите посети во службените простории на општината, освен во случаите кога се работи за неопходна и неодложна потреба која произлегува од тековни постапки пред надлежните служби во Општината во кои присуството на граѓаните е неопходно потребно заради успешно водење и спроведување на самите постапки, без непотребно пролонгирање и пробивање на законските рокови. Оваа мерка е неопходна во наведениот период имајќи ги предвид заклучоците, мерките и препораките усвоени од Владата на петнаесеттата седница, одржана на 10 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19, се наведува во соопштението до јавноста објавено на официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка.

Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Општината во овој временски период можат да остварат контакт по електронски пат на официјалната интернет страница  www.krivapalanka.gov.mk, каде се достапни сите услуги и преку контакти со административните служби, достапни на https://www.krivapalanka.gov.mk/administracija/kontakti-na-vraboteni.

– Ги известуваме сите граѓани кои имаат закажани термини за прием кај градоначалникот на Општина Крива Паланка на 19 март 2020 годиначетврток, дека се одложени и приемниот ден нема да се одржи. За дополнителни термини граѓаните ќе бидат дополнително контактирани од страна на соодветните служби, нагласија од Општина Крива Паланка. ид/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва трагедија во Скопје: Малолетник се фрли од зграда

„Фронт 21/42“ ја поздравува одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес