Утрински Весник
Економија

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која oд полноќ ќе има намалување на цените на нафтените деривати во просек за 5,28 % во однос на претходната недела.

Согласно одлуката, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за три и пол денари по литар, додека цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денари по килограм.

Во продолжение, ова се новите цени кои ќе важат од вечерва по полноќ:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71 (денар за литар)

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73 (денари за литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 (денари за литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,50 (денари за литар)

Мазут М-1 НС – 38,527 (денари за килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896%, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599%, информираат од РКЕ.

Можете да прочитате

Стразбур ја обврзува Македонија да ги врати долговите на јавните претпријатија во рок од три месеци

Угостителски услуги во ноември зголемени во однос на минатата година

Бислимоски: Покрај санкциите нема никакви проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија