Утрински Весник
Свет

Од петок стапуваат на сила построги мерки за влез во Грција

Од петок стапуваат на сила построги мерки за влез во Грција

Грција ќе затвори еден граничен премин со Албанија и ќе врши антиген-тестови на сите што влегуваат во земјата, изјави портпаролот на владата Стелиос Пецас по повод влошувањето на состојбата во северна Грција.

Бројот на пациенти во Грција драстично се зголеми во претходните недели, поради што беше воведен карантин во целата земја, втор оваа година, објави „Ројтерс“.

Најпогодени се северните региони, особено Солун, и секој што има намера да влезе во Грција треба да покаже негативен ПЦР-тест направен најдоцна во рок од 72 часа пред да влезе во земјата, а потоа тие ќе бидат тестирани по пристигнувањето во Грција.

Најновите мерки стапуваат на сила во петок наутро, а Пецас побара од граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Разбираме дека има замор од сè. Но, ако сега се опуштиме, ќе платиме многу. Се соочуваме, речиси, со воена состојба“, рече Пецас.

Грција досега евидентирала 82.034 случаи на коронавирус и 1.288 смртни случаи, а во средата евидентираче 3.209 нови случаи, од кои 905 се во солунскиот регион.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот

ЕУ има идеја како да се одблокира Ормутскиот теснец

Соработник на Путин: Барел нафта наскоро ќе чини над 150 долари