Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Украинците тврдат дека загинал уште еден руски генерал, најмалку 40 војници убиени во Миколајив

(Од минута во минута) Украинците тврдат дека загинал уште еден руски генерал, најмалку 40 војници убиени во Миколајив

Денеска е 24. ден од руската инвазија на Украина.

Клучни податоци:

– Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал, според нив, ова е петти загинат генерал од руска страна, од почетокот на воениот судир
– Зеленски испрати порака до Москва, го покани Путин на разговор
– Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите го прекинале пристапот до Азовското Море
– Украински официјален претставник изјави дека Русите гранатирале воена база во Миколајив, десетици загинати и ранети
– Џо Бајден и Шји Џјинпинг разговараа вчера, кинескиот претседател рече дека Кина не ја поддржува кризата во Украина

09:36 Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал

„Како резултат на нападот на непријателот, загина командантот на 8-та армија на Јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал полковник Андреј Мордивчев“.

Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на „Твитер“.

09:17 Британски разузнавачки извештај: Русите се изненадени, принудени се на нова стратегија

Во последното ажурирање на разузнавачките информации, Министерството за одбрана на Велика Британија вели дека Русија била принудена да го промени својот оперативен пристап и сега спроведува стратегија за исцрпување.

09:10 Најмалку 40 украински војници убиени во Миколајив

Најмалку 40 украински војници загинаа по руски воздушен напад врз касарна во Миколајив, јавуваат локалните медиуми, на кои се повикува агенцијата АФП.

Градоначалникот на Миколајив, Александар Сенкевиќ, во петокот на „Фејсбук“ објави дека неколку села во регионот се окупирани и дека градот е под силен оган, нарекувајќи го тежок ден.

09:07 Поранешен британски премиер: На Путин треба да му се суди како на нацистите во Нирнберг

Поранешниот британски премиер, Гордон Браун, изјави дека Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд за неговите постапки во Украина.

09:00 Зеленски до Русите: Замислете 14.000 мртви тела на стадион во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава одговори на појавувањето на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва со испраќање на мрачна порака.

Можете да прочитате

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери