Ја следиме руската инвазија на Украина.
Клучни настани:
Путин го откажа нападот на фабриката за челик Азовстал
Руските сили ги окупираа Рубижне и Кремина во областа Луганск
ЕУ подготвува шести пакет санкции против Русија
САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем кибернапад
На Украина ѝ се испорачани делови за воените авиони, но никој не испраќа МиГ-29 кои Зеленски ги бара
Кадиров: До ручек ќе имаме целосна контрола над „Азовстал“
Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина
Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета, објавија руските прорежимски медиуми
Пентагон соопшти дека Русија „правилно го информирала за лансирањето“
Од минута во минута:
09:54 Путин го откажа нападот на индустриската зона во Мариупол
Рускиот претседател Владимир Путин нападот на индустриската зона во Мариупол го нарече несоодветен и нареди да се откаже.
09:20 ЕУ подготвува шести пакет санкции против Русија, Зеленски: Ќе биде многу болно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската Унија планира шести пакет санкции против Русија.
„Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина“, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како и санкции.
09:12 (Видео) Чеченците и руската војска го окупираа Рубижне, градот е претворен во урнатини
Чеченските борци предводени од Рамзан Кадиров, заедно со другите руски и проруски сили, го зазедоа градот Рубижне и блиската Кремина во украинскиот регион Луганск, според снимките што кружат на социјалните мрежи.
09:05 САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем кибернапад
Пет сојузници, вклучително и САД, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни кибернапади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.
09:00 На Украина ѝ се испорачани делови за воените авиони, но никој не испраќа МиГ-29 кои Зеленски ги бара
Украинското воено воздухопловство приспособило уште 20-тина борбени авиони благодарение на приливот на резервни делови, изјави висок припадник на американската одбрана.
Иако офицерот не сакаше да прецизира која земја ги испорачала деловите за авионите, тој рече дека САД и другите земји работат на набавка на деловите потребни за украинската авијација.
08:45 Кадиров: До ручек ќе имаме целосна контрола над „Азовстал“
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.
08:30 Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина
Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи објави четири услови за завршување на војната.
„Руската специјална воена операција ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полшчук.