Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Експлозии во Киев, Зеленски објави колку војници загинале во војната

(Од минута во минута) Експлозии во Киев, Зеленски објави колку војници загинале во војната

Од минута во минута ја следиме состојбата во Украина

Клучни настани:

  • Утрово и во текот на ноќта во Киев, главниот град на Украина, одекнаа нови експлозии
  • Украинскиот претседател, Володимир Зеленски објави колку војници загинале во војната
  • Германската влада вели дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина
  • Припадниците на САС (Special Air Service), најелитната единица на британските специјални сили, обучуваат украински војници во Киев, објави британски „Тајмс“

Најновите вести:

09:50 Девет нови хуманитарни коридори, од Мариупол може да се излезе само со автомобил

Вицепремиеркатана Украина Ирина Верешчук соопшти дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, а меѓу нив е и целосно уништениот пристанишен град Мариупол, кој со недели не добива хуманитарна помош.

Можно е да се напушти Мариупол со приватни автомобили, рече таа.

Во изјавата, Верешчук рече дека пет од деветте коридори се договорени за регионот Луганск на исток, кој е под силно бомбардирање.

09:40 Началникот на полицијата во регионот Киев: Русите поставија мини на автомобили и куќи на цивили

Руската армија постави мински замки во автомобили и куќи на цивили пред да го напуштат регионот на Киев, тврдат украинските власти.

Началникот на полицијата во Киевската област, Андриј Небитов, извести за голем број инциденти во кои се повредени лица од локалното население, а најмалку едно загинало.

Небитов ги повика граѓаните да избегнуваат области кои не се деминирани, вклучително и шуми и патеки, како и области кои претходно биле под руска окупација.

09:30 Украинска армија: Одбивме 10 руски напади на исток во последните 24 часа

Украинците тврдат дека во последните 24 часа одбиле 10 руски напади во источните региони Доњецк и Луганск. Уништени се три тенкови, еден оклопен транспортер и три артилериски системи, велат Украинците, додавајќи дека заробиле и руски оклопен транспортер.

09:20 Елитни британски специјалци во Киев обучуваат украински војници, пишува Тајмс

Припадниците на САС (Special Air Service), најелитната единица на британските специјални сили, обучуваат украински војници во Киев, објави британски „Тајмс“.
Тие ги учат како да ги користат британските рачни противтенковски ракети NLAW. Ова е првпат од почетокот на руската инвазија, припадниците на британската армија во Украина да ги обучуваат своите украински колеги, пишува Тајмс.

09:10 Германија испраќа 1 милијарда евра воена помош за Украина

Германската влада вели дека планира да издаде повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

Министерот за финансии на земјата, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на 2 милијарди евра, а повеќето од нив ќе бидат наменети за Украина како воена помош.

09:00 Зеленски објави колку украински војници загинале во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа и’ се обрати на нацијата, велејќи дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната

08:40 Британското разузнавање: Русите ја уништија инфраструктурата, тешко е да се достави помош

Штетата на транспортната инфраструктура на Украина како резултат на руските напади претставува „значаен предизвик“ за секој што се обидува да достави хуманитарна помош во северна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своето разузнавање.

08:20 Утрово и во текот на ноќта во Киев, главниот град на Украина, одекнаа нови експлозии

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека спасувачките служби работат на местото на експлозиите што одекнаа во Дарницки, предградие на Киев, во текот на ноќта и рано утринава.

08:00 ОН: Околу пет милиони бегалци ја напуштија Украина

Повеќе од пет милиони бегалци досега ја напуштиле Украина по руската инвазија, покажуваат најновите податоци објавени од ОН.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) објави дека повеќе од 4,7 милиони бегалци ги преминале украинските граници, пренесува Би-би-си.

Можете да прочитате

ОН го осудува убиството на палестински новинари во Газа

Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција