Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Дванаесети ден од руската инвазија на Украина, борби околу Харков, во најава нова рунда преговори

(Од минута во минута) Дванаесети ден од руската инвазија на Украина, борби околу Харков, во најава нова рунда преговори

Денес е 12-ти ден од руската инвазија на Украина.

Клучни настани:

Додека војната во Украина продолжува, светот денеска ги чека преговорите меѓу руската и украинската делегација.

Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната. Повеќето избегале во Полска.

Во текот на денот треба да следи отворање на хуманитарни коридори и нова рудна преговори.

Најмалку 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на војната.

 

Од минута во минута :

08:05 Русија најави отворање на хуманитарни коридори во неколку градови во Украина

Русија денеска ќе отвори нови хуманитарни коридори низ неколку украински градови, со цел да се овозможи евакуација на цивили, јавува Би-Би-Си.

Најмалку 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на војната

Десетици илјади луѓе се заробени во Мариупол, Киев и други градови кои наскоро би можеле да бидат во руската околина.

Западните разузнавачки претставници очекуваат Русија да го зголеми темпото и силата на нападите врз клучните центри, вклучувајќи го и главниот град Киев.

 

Министерството за одбрана на Русија тврди дека Службата за безбедност на Украина подготвува провокација со екстремистите „Азов“ со можно радиоактивно загадување на животната средина во областа Харков.

Украинската војска вели дека битката за Киев ќе биде клучна.

Генералштабот на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да ја преземат целосната контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и приближувајќи се кон главниот град преку источните предградија.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори