Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Вратена контролата над Макаров, русите продолжуваат да ги бомбардираат украинските градови

(Од минута во минута) Вратена контролата над Макаров, русите продолжуваат да ги бомбардираат украинските градови

Денес е 27-миот ден од руската инвазија на Украина

Клучни настани

Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија

Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје

Нови податоци од Велика Британија: Украинските градови страдаат од силни руски воздушни и артилериски бомбардирања

(Од минута во минута)

08.43 Фумио Кишида: Неприфатлив е прекинот на преговорите од Москва

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја нарече неприфатлива одлуката на Русија да ги прекине преговорите за мировен договор

08.35 Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има јасен знак дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за употреба и на биолошко и на хемиско оружје во Украина

08.28 Нови податоци од Велика Британија: Украинските градови страдаат од силни руски воздушни и артилериски бомбардирања

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 22 март 2022 година.

08.25 Украинска армија: 300 руски војници одбиле да ја послушаат наредбата, се повлекле

Украинската војска соопшти дека 300 руски војници одбиле да ги почитуваат наредбите во областа Октирка во близина на Суми во североисточна Украина.

08.20 Принцот Вилијам:Солидарни сме со украинските борци

Британскиот принц Вилијам им оддаде почит на Украинците кои се борат да преживеат во својата татковина по посетата на британскиот воен камп за обука во џунглите во Белизе со неговата сопруга Кејт, како дел од неговата седумдневна турнеја на Карибите

08.15 Семејството го опиша хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето на ред за вода

Дмитро и Тања Шветс првите 23 дена од војната ги поминале криејќи се во подрум во Мариупол со нивната седумгодишна ќерка. Семејството успеало да побегне од Мариупол минатиот четврток, но нивните родители останале таму

08.10 Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макаров, град на 30 милји западно од Киев, објавија украинските вооружени сили

08.05 Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија

Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски острови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика лута реакција на Јапонија

08.00 Украинските сили го забавуваат напредокот на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум