Утрински Весник
Македонија

Од Македонија заминаа уште 35 авганистански граѓани

Од Македонија заминаа уште 35 авганистански граѓани

Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште.

35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.

„ Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште“ соопшти владината прес-служба.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец