Во Италија 237 лица починаа од зараза со Ковид-19, а 11.250 се новозаразени, пренесува агенцијата Анса, додавајќи дека ова е прв пат во последните неколку месеци од почетокот на вториот бран на пандемијата да се забележани толку мали дневни податоци за епидемијата.
Од денес, во повеќето делови на Италија, антивирусните мерки се ублажени, освен во четири региони каде што нивото на инфекција е сè уште високо, додека другите преминуваат во таканаречената „жолта зона“.
Тоа значи отворени барови, ресторани, продавници, музеи и за време на викендот и за прв пат по два месеци ќе бидат отворени трговските центри. Сепак, основните мерки за заштита остануваат во сила, како и забраната за меѓурегионален сообраќај.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, предупреди дека вирусот е сè уште присутен, дека опасноста не е помината и дека ублажувањето на анти-ковид мерките не значи ослободување на сите и на сè.
Владиниот комесар за вонредни ситуации Доменико Аркури исто така ги повика граѓаните да бидат претпазливи.