Утрински Весник
Свет

Од денес бесплатно самотестирање во Грција

Од денес бесплатно самотестирање во Грција
Dik 300x250 mk

Од денес во Грција ќе биде овозможено бесплатно самотестирање за наставници, ученици, студенти и административен персонал во основните и средните училишта и на факултетите.

Од 10 мај ќе се обезбеди бесплатно самотестирање на вработените во јавниот и приватниот сектор, пренесува АНА.

Самотестирањата ќе се вршат еднаш неделно, пред вработените да дојдат на работа, а резултатот ќе важи една недела.

Тестовите може да се преземат во аптеките со лична карта или со картичка за социјално осигурување.

Мерката за самотестирање не опфаќа туристи туку наставници, ученици, студенти и административен персонал.

Можете да прочитате

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети

Голем напад со дронови на Москва