Утрински Весник
Свет

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна
Dik 300x250 mk

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19, пишува грчкиот портал „Катимерини“.

Од околу 300.000 граѓани ќе се бара да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец во кој граѓанин ќе остане невакциниран казната ќе биде 100 евра.

Атинската новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, објави дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години веќе се вакцинирани или закажале термин.

Истите извори забележуваат дека благодарение на задолжителната вакцинација за постарите од 60 години, процентот на вакцинирани во оваа возрасна група, која е една од најзагрозените, е зголемен за речиси 10 процентни поени.

Имено, вакцинирани или закажани се 2.761.838 граѓани на возраст над 60 години, додека од 30 ноември кога беше објавена казна од 100 евра, бројот на граѓани кои решиле да се вакцинираат достигна 217.000.

Можете да прочитате

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени

Централните банки купија 39 тони злато во септември

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета