Утрински Весник
Свет

Од денеска да се ослободат сите политички затвореници, бара талибански лидер

Од денеска да се ослободат  сите политички затвореници, бара талибански лидер

Врховниот лидер на Талибанците Хибатул Акунџад бара сите „политички затвореници“ да бидат ослободени од затворите ширум Авганистан, беше објавено на Твитер профилот на Талибанците.

Во објавата се наведува дека Акунџад се повикал на општа амнестија кога побарал ослободување на политичките затвореници, пренесува Си -ен -ен.

„Сите државни гувернери мора од утре да ги ослободат сите политички затвореници (стари и млади), без никакви ограничувања и услови и да им ги предадат на нивните семејства“, се вели во пораката на оваа социјална мрежа.

Се очекува талибанските борци, кои беа заробени од авганистанските национални безбедносни сили поради бунтовнички активности, да бидат ослободени.

Талибанците веќе ја презедоа контролата врз клучните затвори низ земјата и ослободија илјадници затвореници за време на нивната офанзива.

Можете да прочитате

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б