Утрински Весник
Свет

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат од Ковид-19.

Ова е пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија, Томаж Гантар, со цел насочување на здравствените ресурси кон борбата против епидемијата на коронавирусот.

Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници почнаа да ја применуваат оваа мерка пред неколку дена, со указот се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија, јавува агенцијата СТА.

Пациентите на онкологија, бремените жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка на словенечкото Министерство за здравство, како и итните интервенции опасни по живот пациенти.

Од денес во болниците ќе се вршат само најитните хируршки интервенции, а министерството ќе проценува 14 дена дали овие мерки мора да останат на сила или не.

Во последните 24 часа, според официјалната статистика, во Словенија се регистрирани скоро 2.000 новозаразени, 449 хоспитализирани и 63 на интензивна нега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд