Утрински Весник
Економија

Од денеска аплицирање за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка

Мицкоски: На економијата и требаат итни мерки и пари веднаш

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Од денеска почнува аплицирањето за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка во висина од осум милиони евра.

Повикот е наменет за микро, малите и средни компании од сите дејности, а еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти. Кредитите се бескаматни со рок на отплата до три години и грејс период од 12 месеци. Трошоците кон Развојната банка се сведени на нула. Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Сумата ќе се определува според бројот на вработени кои компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци.

Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „Ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „Ковид 1“. Олеснителна околност е и тоа што потребните документи од Централниот регистар ќе бидат издавани бесплатно.

Средствата за овој пакет се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија.

Според надлежните, ова е значајна финансиска инекција за компаниите во насока да ја сочуваат ликвидноста и работните места.

Освен овој пакет, на располагање на компаниите им стојат и бескаматни кредити во висина од 5,7 милиони евра од првиот пакет „Ковид 1“ кој е наменет за најпогодените сектори – туризмот, угостителството и транспортот.

Вкупниот износ на средства што им се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра.  Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија