Утрински Весник
Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат – пратеникот Стојаноски не е на приватен пат во Египет

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението од СДСМ дека пратеникот на опозициската партија – Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет.

„Лажните обвинувања на СДСМ дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет, се апсолутно неточни и паѓаат во вода. Видно од приложениот документ „Решение за службено патување“ јасно може да се утврди дека СДСМ безочно лаже. Прво, видно од документот, решението за ова службено патување е договорено на состанокот на Претседателството на Собранието на 23-ти МАЈ 2022 година, ДВА дена пред пристигнувањето на Предлог буџетот во Собранието. Второ, на ова службено патување како СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА во Египет, видно од документот и фотографијата, учесници се и пратеници од владејачкото мнозинство“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираа до СДСМ и нивната ПиАр екипа „во иднина повеќе да се концентрираат на своите редови и да се обидат да ја подобрат својата лоша организираност и проблеми во внатрепартиската комуникација“.

Инаку од владејачката партија денеска соопштија дека „Комисијата за финансирање и буџет не одржува седница на која треба да се расправа за ребалансот на буџетот за 2022 година. Причина за тоа е отсуството на претседалот на оваа комисија, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е во посета на Египет. Наместо интересите на граѓаните, наместо побрзо усвојување на ребалансот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање во Египет“.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“