Утрински Весник
Македонија

Од вечер дожд и силен ветер со брзина над 80 километри на час

АМСМ: Врнежи од снег во Маврово, но засега не се пречка за сообраќајот

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Од попладне во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјата. Во текот на ноќта и утре, врнежите ќе бидат пообилни, од 20 до 30 литри ма метар квадратен, а локално ќе има и невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе достигне брзина над 80 километри на час.

Денеска во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер со брзина од над 70 км/час од јужен правец, особено во источните делови.

Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне. Ќе дува повремено силен ветер.

Нестабилноста на невремето е резултат на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Дождот го прекинува топлиот период: Сабота со најмногу простор за есенска прошетка