Утрински Весник
Македонија

Одржан првиот концерт во рамки на „Култура во рамки на корона” во Македонска Каменица

Одржан првиот концерт во рамки на „Култура во рамки на корона” во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 10 мај 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица одржан првиот концерт во рамки на манифестацијата „Култура во време на корона”. Настанот се одржа на градските улици, а на истиот, како што информираше Горан Огнановски, директор на Културно информативниот центар „Романса”, учествуваа локални бендови и солисти од градот.

– На првиот настан од ваков тип учествуваа неколку музичари од Македонска Каменица, меѓу кои ќе ги напоменам Симеон Ангеловски, Маринела Ангеловска, Дамјан Стоименовски и Мартин Ангеловски. Како дипломиран музичар ја имаа мојата поддршка на клавијатура и можам да кажам дека имаме одлични музичари пред кои е иднината, рече Огнановски.

Концертот се одржа на улица Рударска, а притоа како што додаде Огнановски, учесниците ги запазија потребните мерки за дистанца поради вирисот Ковид-19.

-Настанот беше пренесуван он-лајн на социјалните мрежи, имамвме доста гледаност од граѓаните кои уживаа од своите тераси. Благодарност до општина Македонска Каменица, која ни изрази голема поддршка за реализација на овој настан, додаде Огнановски.

Во наредниот период како што додаде организаторот ќе следуваат уште неколку вакви концерти, се со цел поддршка на младите таленти и одржување на култура во време на пандемија од коронавирус. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор