Утрински Весник
Спорт

Одмазда за „Вембли“ – Данецот го „собра“ Британецот, па гo пцуеше

Одмазда за „Вембли“ – Данецот го „собра“ Британецот, па гo пцуеше

Обвинувањата за мамење и лошите односи меѓу данскиот и британскиот велосипедски тим завршија со контроверзен судир и елиминација на британскиот тим од пурсуит финалето.

И пред стартот на трката, повеќе тимови се пожалија дека Данците ги прекршуваат правилата, откако на својата потколеница ставија лента наводно поради повреда, иако според УЦИ не смее да се користи никаков материјал на кожата кој не е облека.

Во трката, Британците поведоа пред да бидат стигнати од Данците, пред Чарли Тенфилд да заостане за Британците, а Фредерик Мадсен се удри во него. Наместо да ја признае вината Мадсен почна да вреска кон Тенфилд и да го пцуе. УЦИ половина час решаваше дали да ги казни Данците, пред да потври дека тие ќе се борат за златото во финалето против Италија.

Мадсен тврдеше дека не викал кон Тенфилд.

„Бев уморен, не знаев дали е на 10 или на 20 метри од мене. Се надевам дека Чарли е океј, бидејќи не викав на него, туку на ситуацијата“, изјави Мадсен.

Многумина сметаат дека ова е „слатка одмазда“ на Данците за „украденото“ полуфинале на ЕУРО 2020, кога со сомнителен пенал Англичаните стигнаа до 1:0 победа.

> Одмазда за „Вембли“ – Данецот го „собра“ Британецот, па гo пцуеше <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ