Утрински Весник
Свет

Одлука за екстрадиција на Асанж на 4 јануари

Одлука за екстрадиција на Асанж на 4 јануари

Одлуката за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД ќе биде донесе на 4 јануари следната година. Тоа е одлучено во продолжението на судењето во лондонскиот суд, каде е завршено изнесувањето на докази.

Како што пренесува британскиот портал „Експрешанстар“, Асанж ќе помине Божик зад решетки во затворот Белмарш, каде престојува веќе 16 месеци.

Сослушувањето пред лондонскиот суд траеше четири недели.

САД го бараат Асанж поради истекување на илјадници доверливи документи за воени злосторства на САД во Ирак, Авганистан и Гвантанамо.

За време на сослушувањето, одбраната на Асанж со десетина сведоци се обидела да ја одложи екстрадицијата во САД, каде му се заканува доживотна казна затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус