Утрински Весник
Економија

Одлуката за ограничување за движење на максимално две лица не ги опфаќа градежниците во работниот процес

Ќе се разменуваат искуства за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа и европскиот модел на соработка

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на државата се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот, појасни денеска преку соопштение Министерството за транспорт и врски.

Оттаму истакнуваат дека вработените во градежните компании кои изведуваат градежни активности, мора да се придржуваат до препораките од Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес.

Исто така, укажуваат, градежните компании мора да го организираат работниот процес и работното место на начин да се почитуваат мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата.лв/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата

УЈП со учество на настан организиран од ММФ

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли