Утрински Весник
Македонија

Одлуката за изборите ќе зависи од ставот на Владата за вонредната состојба

Изготвен Протокол за изборниот процес – задолжително заштитна маска, физичка дистанца и дезинфекција
Dik 300x250 mk

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состоја кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори. Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

Согласно одлуката на претседателот Стево Пендаровски постојната вонредна состојба во времетраење од 14 дена, истекува на 14 јуни. вг/са/

Прес Османи

Posted by MИА.mk on Понеделник, 08 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд