Утрински Весник
Македонија

Одлуката за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Влада: Ја унапредуваме слободата на медиумите, тие се многу значаен фактор во справувањето со коронавирусот

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.

Според одлуката на Владата, од 1 јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер