Утрински Весник
Македонија

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи
300x250 (7)

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го повтори ставот на Демократската унија за интеграција дека прашањето за избори за нив е секундарно во однос на зачувувањето на здравјето на граѓаните.

Одлуката за тоа дали треба да има избори, според Османи, треба да ја донесат стручните лица од Комисијата за заразни болесит.

Img 5587

– Ќе го цитирам Ахмети кој рече дека ние сме во војна, а во војна, одлуките ги носат генералите. Во нашата војна генерали се докторите и епидемиолозите и тие треба да одлучат за понатамошните стратешки чекори. Ние сме подготвени за избори, но одлуката треба да ја донесе сепак Комисијата и стручните тимови имајќи го фактот дали изборниот процес ќе влијае врз пандемијата и здравјето на граѓаните, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешното примопредавање на донацијата од Австрија. бак/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК со апел до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Петровска: Местото за споделување на Тошковски не се партиските лидери, туку институциите за вооружените групи