Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Одложен почетокот на кошаркарската сезона

Одложен почетокот на кошаркарската сезона
300x250 opst2

Кошаркарската федерација на Македонија го одложи стартот на сезоната 2020/2021 во Првата лига, кој беше планиран за 10 и 11 октомври.

„Во очекување на комплетните резултати од PCR-тестирањето за коронавирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига – мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек“, соопштија од федерацијата.

Во наредниот период федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на првенството.

> Одложен почетокот на кошаркарската сезона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица