Утрински Весник
Македонија

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашните и странски ТВ канали, освен на јавниот сервис

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.

-На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.

Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути