Утрински Весник
Македонија

Одложен конкурсот за „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство“

ССНМ бара Владата да обезбеди заштитна опрема за редакциите

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, објави денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, ССНМ ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање.

– Бидејќи првичниот рок за аплицирање беше 1 април, а на нашата електронска пошта веќе стигнаа повеќе пријави, ги известуваме сите кои веќе се пријавија дека нивната апликација е важечка и ќе биде земена предвид при повторното отварање на конкурсот. Кога ќе имаме повеќе информации веднаш ќе бидат објавени и споделени, стои во соопштението на ССНМ. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце