Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Одложена традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ во Виница

Одложена традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ во Виница
Img 7972

Виница, 5 март 2019 (МИА) – Општина Виница го одложи одржувањето на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ како превентивна мерка против корона вирусот.

Настанот што беше планиран за претстојниот викенд ќе биде презакажан за друг погоден термин, во зависност од состојбата со заболувањето на граѓаните во земјите од регионот.

– Согласно препораките на Владата за откажување на сите јавни собири поради епидемиолошката ситуација со корона вирусот, годинава манифестацијата „Тодорови трки“ нема да се одржи на 7 март, односно на верскиот празник Тодорова сабота, како што претходно беше најавено. Имајќи го предвид масовниот карактер на настанот кој анимира голем број граѓани од сите возрасти, а заради заштита и на активните учесници и на оние што присуствуваат како публика, датумот за оддржување останува отворен, се наведува во писменото известување од локалната самоуправа на Виница.

Од Општина Виница додаваат дека ќе ги следат препораките од надлежните државни институции за превентивно дејствување против корона вирусот, а датумот на одржување на „Тодорови трки“ дополнително ќе биде најавен.

Организатор на манифестацијата, што за првпат се одржала во 1926 година, е локалната самоуправа на Виница со поддршка од стопанскиот сектор од регионот. Учесниците на трките вообичаено се натпреваруваат во десет дисциплини во повеќе возрасни категории. та/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сакаат да ја замолчат: Судијката Соња Кочовска им забрани на мајката Невена Спасеска, семејството и адвокатите да говорат во јавност

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило – Од 1.502 сообраќајни прекршоци 958 за брз возење