Утрински Весник
Сцена

Одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Објавен плакатот за новиот Бонд 25 (слика, видео)

Лос Анџелес, 5 март 2020 (/) – Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No Time To Die) е одложена за седум месеци. Повод се бројните повици на обожавателите поради стравот од новиот коронавирус.

Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи вчера на Твитер објавија дека првото прикажување е поместено за ноември 2020 година, односно премиерата во Велика Британија ќе биде на 12 ноември, а онаа ширум светот – на 25 ноември.

Филмовите за „агентот 007“ чинат огромна заработка на светскиот кинопазар. Претходниот Бонд филм „Спектра” (2015), на пример, заработи над 679 милиони долари, а над 84 милиони долари само во Кина.

Одложувањето на прикажувањата на холивудските филмови е под влијание на заканата од новиот коронавирус. Земјите коишто се најмногу погодени од вирусот, воведуваат или веќе воведоа забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите најкритични зони обележани поради вирусот. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка