Утрински Весник
Спорт

„Одиме на натпревар со Црвена звезда, а пред хотелот навивачи со пиштоли и ножеви“

„Одиме на натпревар со Црвена звезда, а пред хотелот навивачи со пиштоли и ножеви“
Img 5587

Поранешниот фудбалер на Сампдорија Ивано Бонети евоцирал спомени од натпреварот со Црвена звезда одигран во Лигата на шампионите во 1992 година. Црвена звезда, поради санкциите што и беа воведени на Југославија ја пречека Сампдорија во Софија.

На 1 април 1992 година во Софија Црвена звезда ја предводеа Савиќевич, Панчев, Михајловиќ, Југовиќ, а на спротивната страна беа Вијали, Манчини, Ломбардо, Катанец, Паљука, Серезо…

300x250 (7)

Бонети не може да ја заборави атмосферата пред натпреварот, односно моментот кога тој и соиграчите од хотелот се упатиле кон стадионот.

„Како да беше вчера. Се играше тој натпревар на неутрален терен против Црвена звезда. Моравме да победиме“, рекол Бонети и продолжил.

„Кога го напуштавме хотелот можевме да видиме пиштоли и ножеви. Атмосферата беше монструозна. Во соблекувалната беше тивко. Бев блиску до Лука Вијали. Моравме нешто да направиме, јас започнав да пеам ‘Lotteremo fino alla morte’ (До смрт ќе се бориме), а потоа започнаа да пеат сите.“

Сампдорија победи во Софија со 3.1, иако Црвена звезда преку Михајловиќ го постигна првиот гол. Подоцна во финалето, во Лондон, Барселона со голот на Куман во 120 минута ја победи Сампдорија и го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите во својата историја.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот